Франција: Вооружени напаѓачи киднапираа свештеник и земаа заложници

Двајца мажи вооружени со ножеви наводно земале како заложници неколкумина верници и две калуѓерки во црква и го киднапирале свештеникот во гратчето Руври во близина на Руен во Франција.

Напаѓачите држат во заложништво шест лица, информира локалната полиција за Ројтерс.

На местото веднаш се распоредени пожарникари, единици за брзо распоредување и антитерористички единици, а има информации дека неколку лица се повредени во нападот.

Немојте да навлегувате во обезбедениот периметар за да фотографирате или да снимате видео, затоа што ја попречувате работата на полицијата, напиша локалната полиција на Твитер.

Според локалните медиуми жена верник успеала да ја информира полицијата.