Свет

Франција: Вооружени напаѓачи држат 10 заложници

Франција: Вооружени напаѓачи држат 10 заложници
Франција: Вооружени напаѓачи држат 10 заложници

Група вооружени лица се забарикадирале во продавница во близина на Париз и држат 10 лица како заложници, јавува АП повикувајќи се на полициски извори, пренесува Б92.

Според извори на агенцијата станува збор за обид за грабеж.

Француските медиуми јавуваат дека во заложничката криза учествуваат двајца или тројца напаѓачи.

Станува збор за продавница во трговскиот центар северно од Сен Дени. За сега нема информации за евентуални жртви и барања од напаѓачите.