Француската амбасадорка во посета на велешкото училиште „Коле Неделковски“

Амбасадорката на Република Франција Лоренс Оер, и заменици градоначалничките од збратимениот француски град Шербур-Октевиљ, Мјуриел Жозо – Мариње и Гилен Годен синоќа ги посетија македонските и француските ученици и професори во ОССУ „Коле Неделковски“ во Велес.

ambasadorka1500

Гостите од Франција заедно со нивниот домаќин градоначалникот Славчо Чадиев ги проследија нивните активности и присуствуваа на заедничката програма.

 

Во обраќањето пред присутните амбасадорката Оер се заблагодари на граѓаните на Велес и Македонија за подршката што нашата држава и ја дава на Франција во, како што рече, овие тешките моменти по терористичкиот чин од 1 јанари годинава.

– Токму човечките и хумани врски се оние коишто долго траат посебно во време кога треба да делуваме во Европа. Токму идните генерации се тие коишто ќе работат на тоа, бидејќи единствено преку солидарноста, споделувањето и толеранцијата ќе успееме работите да ги подвижиме напред и се надевам дека наскоро и Македонија ќе биде дел од ЕУ, истакна Амбасадорката Оер.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и се заблагодари на амбасадорката Оер за посетата на Велес и за подршката што ја дава.

-Задоволство е да се види како младите генерации од двата града ги споделуваат своите искуства во образовниот процес исто така и професорите од двата града. Се надевам оваа соработка е значајна за двата града ќе трае и во иднина, потенцира Чадиев.

Учениците и професорите од Шербур-Октевиљ во Велес се од 12 до 19 јануари. Тие оваа недела заеднички работат на проекти од повеќе области, а денеска се во посета на Скопје.

Овој конкретен и прв проект од образованието меѓу двата града Велес и Шербур-Октевиљ е резултат од потпишувањето на конвенцијата за соработка со збратимениот град Шербур Октевиљ од францускиот регион Долна Нормандија и Велес,од 2009 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.