Француската армија опремена со германски пушки

Актуелните автоматски пушки на француската армија, ФАМАС, кои се кратенка на Мануфактурата за оружје од Сант Етиен, се во употреба од 1979 година, но оваа фабрика ги затвори вратите уште во 2001 година.

Пушката Фамас беше тешка и  продадена во многу мал број на примероци во странство, со оглед на нејзината висока цена и неможноста да се поправи во случај на дефект.

По јавниот европски конкурс за набавка на нови автоматски пушки, Генералната дирекција за вооружување на Франција одлучи, новата пушка да биде ХК416 изработена од германската фирма „Хеклер унд Кош“.

Меѓу петте производители кои се пријавија на огласот, немаше ниту еден од Франција, Што веднаш предизвика критика од некои француски политичари, кои обвинуваат за „стратегиска зависност на Франција“.

Од Франција сакала да учествува на огласот само една фабрика Верне-Карон, но таа не го исполнила условот да има најмалку 80 милиони евра на обрт, со оглед дека таа има само 12 милиони евра.

Според весникот „Лес Екхо“, Франција ќе купи 90 000 пушки ХК416, за околу 300 до 400 милиони евра. Секоја година ќе бидат испорачувани по 16 000 ХК416, додека фирмата се ангажира да гарантира резервни делови и одржување на оружјето во текот на 30 години.

Со оваа германска автоматска пушка изработена досега во 60 000 примероци, веќе е опремена норвешката армија, како и специјалните сили на француското воздухопловство.

Пушката ХК416 користи, која како модел ја има американскара М4 многу мало зрно, со калибар 5,56х45 милиметри (тешко од 3,6 до четири грама), може да истрела до 900 куршуми во минута, а почетната брзина на зрното е од 800 до 900 метри в секунда, зависно од должината на цевката. Ова оружје е долго меѓу 797 и 900 милиметара и тежи од 3.020 до 3.855 грама.