Француски авиони утрово ја нападнаа Исламската држава

Откако на 19 септември Франција се приклучи кон меѓународната коалиција во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), утрово првпат извршиле воздушни напади во Ирак.

Нападите биле извршени утрово од француски авиони-ловци, изјави владиниот портпарол Стефан ле Фол.

Исламистичка група, поврзана со ИД, вчера објави видео снимка, на која е прикажано обезглавување на еден француски државјанин, кој бил киднапиран од нејзини активисти во Алжир.