Француски комичар обвинет поради статус на Фејсбук

Контроверзниот француски комичар Диедон Мбала Мбала ќе биде изнесен пред суд поради коментарите на неговиот профил на Фејсбук, со кои изгледа дека му дава поддршка на Амеди Кулибали, човекот кој изврши убиство врз полицајка и кој уби четири заложници во маркет за кошер минатата недела.

-Конечно си одам дома. Да знаете дека вечерва, што се однесува до мене, се чувствувам како Шарли Кулибали, напиша комичарот во неделата, само неколку часа откако милиони луѓе земаа учество во маршовите низ Франција. Подоцна овој коментар беше избришан.

Обвинителот во Париз издаде потерница со цел да се дознае дали комичарот отворено го поддржува тероризмот.

Диедон исто така објави и други коментари на неговиот Фејсбук профил со кои се обиде да објасни дека само се обидувал да ги насмее луѓето. Инаку, досега против комичарот се поднесени поголем број обвиненија за поттикнување на анти-семитизам, а минатата година поголем број од неговите шоуа беа забранети.

Доколку биде прогласен за виновен, тој би можел да се соочи со казна затвор и до седум години.