Свет

Француски лекар пред суд заради помагање на пациенти да умрат

Француски лекар пред суд заради помагање на пациенти да умрат

Еден француски лекар е изведен во средата пред суд на основа на обвинување за труење, аради што дозволил со смртоносни инекции да бидат усмртени седум пациенти кои немале шанси да бидат излечени од белста.

Судењето во градот Пу на југозападот од Франција се одвива во време кога во таа земја се води расправа дали треба да се легализира еутаназијата или да се ублажат законите кои го регулираат лечењето на луѓе со неизлечиви болести.

Докторт Никола Бонсемон се соочува со доживотен затвор ако биде прогласен за виновен, рекол неговиот адвокат.

Патрисија Дуг, вдовица на еден од починатите пациенти, рекла дека лично го замолила Бонсемон да помогне на нејзиниот сопруг да умре.

Според нејзините зборови, она што Бонсемон го направил е „добро“. Француската телевизија ја пренела изјавата на Патрисија Дуг дека било какво казнување на Бонсемон неа кје и нанесе „голема болка“.