Француски медиуми најавуваат брзо решение за името

Неколку француски медиуми во ист ден објавија анализа во која пишуваат дека набрзо ќе има разрешница на спорот со името. Весници „Хуманите“ и „Либерасион“, неделникот „Експрес“ и телевизијата ЛЦИ направија опширни анализа за спорот, од кога потекнува, зашто досега не е решен, зашто е важно за двете земји да го решат, за последните, како што ги нарекуваат позитивни сигнали од Скопје, за накрај да заклучат дека според нивните извори „се гледал крајот на овој проблем“, јавува ТВ Нова.

„По промените во власта во Македонија „новиот социјалдемократски премиер на Македонија, Зоран Заев, изрази волја да се надмине спорот за името на неговата земја веданш по неговиот избор во јуни, по што беше восптавена агенда на билатерални средби со Атина“.
Текст за овој проблем, но во контекст на грчката позиција при решавањето на спорот излезе и во  весници „Товима“ и  „Катиремени“. Авторите заклучуваат дека постои извесна загриженост во Атина поради проактивната политика на новата влада во Скопје.

Поради оваа нова реалност и иницијативата на македонската Влада, сега притисокот повеќе паѓал врз Грција, да таа по активно да се вклучи во конечното решавање на деценискиот спор.

Во таа насока е и посетата на грчкиот министер за надворешни Кодѕиас, кој во Македонија на средба со Димитров, според последните најави доаѓа на 30 или 31 август. Предвидувањата се дека по првата средба за запознавање, овој пат двајцата министри ќе влезат и во по суштински разговори околку изнаоѓање на решение за името.