Француски обвинители бараат судски процес против Саркози

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој планира повторно да се кандидира на изборите следната година, би можел да се соочи со судска постапка поради наводно нелегално финансирање на неговата неуспешна кампања за претседателските избори во 2012 година, изјавил извор близок до истрагата.

– Обвинителите бараат на сите оние кои се обвинети да им се суди, наведува изворот.

Локалните медиуми објавија дека истражен судија сега треба да одлучи дали ќе ги прифати препораките на обвинителството. Доколку тој се согласи со обвинителот, судењето би можело да претставува проблем за кандидатурата на Саркози на следните избори.

На почетокот на јули 2014 година, Саркози беше задржан во полициски притвор поради истрага за корупција, со што стана прв поранешен лидер на Франција кој е приведен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.