ВИДЕО: Француски олимпијци загинаа во хеликоптерска несреќа

Осуммина француски држајвани, меѓу кои и славната едриличарка Флоренс Артхауд, олимписката пливачка Камил Муфат и боксерот Алексис Вистин, се меѓу десетмината загинати во хеликоптерската несреќа која се случи вчера во Аргентина за време на снимање на француско телевизиско риалити шоу.

До несреќата дошло во западната провинција Ла Риоха, во близина на планинскиот синџир на Андите, соопштиле локалните власти, кои дополниле дека засега не се знаат причините за судирот на двете летала.

– Ненадејната смрт на нашите сограѓани предизвика голема тага, соопштил кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Меѓу загинатите има и неколку членови на продукциската куќа АЛП ТВ, кои учествувале во снимањето на авантуристичката емисија „Dropped“, за приватниот телевизиски канал ТФ1. Исто така, загинале и двајцата полоти кои ги управувале хеликоптерите.