Француски „Тотал“ се повлекува од проект вреден милијарда долари

Францускиот енергетски гигант „Тотал“  се подготвува да се повлече од проект со гас во Иран вреден милијарди долари во пресрет на најавата за обновување на санкциите врз Иран од САД, следејќи го примерот на уште некои големи европски компании, како што се „Алијанс„ и „Маерск“.

„Тотал“ нема да продолжи со спроведување на проектот SP11 (South Pars 11) и ќе биде  принуден постепено да ги згасне сите поврзани активности до 4 ноември 2018 година, освен ако американските власти не одобрат изземање на овој проект на „Тотал“,  благодарение на поддршката на француски и европски власти, соопштија во средата од француска компанија за нафта и гас.

„Тотал“ лани потпиша договор за развој на гаснотто поле Јужен Парс во Иран, со почетна вредност на планираната инвестиција од една милијарда долари.

Од компанијата тврдат дека досега инвестирале помалку од 47 милиони долари во проектот, истакнувајќи дека повлекувањето од Иран нема да влијае на планираните стапки на зголемување на нивното производство.

Вашингтон најави дека ќе ги врати строгите санкции врз Иран, укинати по склучувањето на меѓународниот договор со Техеран, кој ги ограничува нуклеарните амбиции на земјата. На тој начин американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли советите на европските сојузници кои се залагаат за зачувување на  договорот.

Благодарение на овој договор, компаниите почнаа да ги истражуваат можностите за трговија и инвестиции во порано изолираниот Иран. Некои договорија  прелиминарни бизниси кои сега се доведени под знак прашање, бидејќи го вклучуваат ризикот од кршење на санкциите од САД.

Соопштението од „Тотал“ доаѓа по објавата на германската осигурителна компанија „Алианс“ и данскиот танкерски оператор „Маерск“ ќе ги завршат договорените активности во Иран и нема да влезат во нови деловни договори.

Во „Алијанс“ велат дека нивниот ирански бизнис е „апсолутно минимален“ и постепено ќе го згаснуваат во очекување на  упатствата на ЕУ и на германската влада.

Иранскиот министер за нафта, Биџан Занганех, во средата истакна дека Техеран ќе го надмине притисокот од повлекувањето на САД од нуклеарниот договор.

Ова ќе помине, а Иран на крајот ќе биде победник, рече Занганех за агенцијата ШАНА.