среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Француски тур оператори ја вклучија Македонија во понудата за алтернативен туризам

13451194_10209477132226154_648084908_n

Поврзани вести

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија организираше тродневна инфо тура за тур операторот Voyager Autrement, кој на годишно ниво испраќа над 15.000 туристи насекаде во светот.

Како што информираат од Агенцијата, Македонија е вклучена во нивната програма за алтернативен туризам, како нова и неоткриена дестинација.

Со живописни села, регионот на вино, планини, прекрасни езерски одморалишта, убави пејзажи, богата култура, сончеви денови, љубезни луѓе и поволни цени за странските туристи, велат дека Македонија е идеална за одмор и релаксација.

Туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи, а посебно интересен беше манастирскиот туризам.

Најчитани вести