четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 16

Францускиот кино-клуб со свежа сезона на филмови

Со проекцијата на филмот „Човекот што сите го сакаа“ утревечер во Кинотеката на Македонија ќе започне новата сезона на Францускиот кино - клуб, соопшти Францускиот институт во Скопје.

images

Поврзани вести

Станува збор за филм на режисерот Андре Тешине снимен 2014 година според вистинска случка, во кој главните улоги ги толкуваат француската дива Катрин Денев, Гијом Кане и Адел Енел.

Тв1 Њуз за филмот ќе напише дека е „возбудлив од почеток до крај, не само по содржина, туку и по маестралната актерска игра“, а познатиот француски неделник за млади „Лезенрок“, пак, дека е „таинствено прекрасен“.

Филмот е со превод на македонски јазик, а проекцијата е во терминот од 20 часот.

Најчитани вести