Францускиот парламент изгласа симнување на санкциите кон Русија

Француските парламентарци гласаа за симнување на санкциите на ЕУ кон Русија што беа воведени поради украинската криза и анексијата врз Крим, јавува „Раша Тудеј“.

Педесет и пет пратеници на Францускиот Парламент ја поддржаа резолуцијата со која се повикува владара да не ги продолжи санкциите за Русија, а 44 гласаа „против“.

Резолуцијата што повикува на симнување на санкциите е потпишана од 85 француски парламентарци.

Тиери Мариани, член на централно-десничарските Републиканци која ја покрена парламентарната дебата вели дека документот ја повикал владата да не ги продолжи рестриктивните мерки и економските санкции за Русија воведени од ЕУ.

Бескорисните и неефективни санкции против Русија денес станаа тешко бреме за француското стопанство. Затоа бараме мнозинството членови од парламентот да покажат одговорност и независност за ова прашање, изјави тој за ТАСС.

Санкциите на ЕУ за Русија за прв пат беа воведени во јули 2014-тата година на една година, а потоа беа продолжени поради кризата во Украина и анексијата врз Крим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.