Францускиот премиер си поднесе оставка

Францускиот премиер Мануел Валс поднесе оставката, по што претседателот Франсоа Оланд побара од него веднаш да состави нова влада.

Оставката на француската влада доаѓа непосредно по сериозните критики кои беа израечени од министерот за економија Арно Монтебург и образование Беноа Хамон во однос на економската политика која ја спроведува француската влада.

Составот на новата Влада ќе биде соопштен во текот на утрешниот ден.