Свет

Францускиот претседател ќе се ожени на својот 60 роденден

Францускиот претседател ќе се ожени на својот 60 роденден

Францускиот претседател се подготвува да се венча со својата љубовница на неговиот 60-годишен јубилеј, соопштуваат француските медиуми. Ергенот број еден во Франција е опкружен со гласини за неговиот личен живот, откако се раздели со својата долгогодишна пријателка Валери Трирвилор во јануари.

Четириесет и девет годишната Трирвилор замина од Елисејската палата, откако на површина излезе тајната афера на Оланд со 42-годишната актерка Џулиен Гаести. Од моментот на избувнувањето на скандалот до сега, Гаести не се покажуваше многу пред јавноста и упорно негираше дека е во интимна врска со претседателот на земјата, пишува „Република“.

Познатото француско издание Midi Libre, објави: „Претседателот на Републиката може да ја легализира врската со Џулиен Гаести, ќе се ожени за неа на 12 август, денот на неговиот 60-ти роденден”.

Во меѓувреме, извор од Социјалистичката партија за „Parisien“ изјавил : -Веќе три месеци слушаме дека тој има намера да ја легализира врската со Џулиен Гаести на 12 август, тогаш тие ќе стапат во брак.

Според најновите тврдења, Холанд и Гаести ќе си кажат „да“ на скромна граѓанска церемонија.