Францускиот суд го ослободи Рамуш Харадинај

харадинај

Судот решаваше по барањето на српските власти за негова екстрадиција во Србија, која го товари за воени злосторства.

Министерството за правда на Србија вчера кон барање за екстрадиција достави и нови докази против Харадинај.

Дополнувањето на барањето за екстрадиција на Харадинај ќе биде испратено денеска, изјави вчера српската министерка за правда Нела Кубуровиќ, истакнувајќи дека Србија го бара Харадинај за злосторства над цивили во 1999 година за кои не му се судело во Хаг.

Од друга страна, како што јави РТК, косовското Собрание побара ослободување на Харадинај со оценка дека во прашање е монтиран политички процес против него.

Харадинај беше приведен минатата среда на аеродромот Милуз во францускиот дел на Базел, врз основа на потерница издадена од Србија во 2004 година и од тогаш се наоѓаше во притвор.

Тој во Србија е осомничен за воени злосторства врз цивилното населени во Дукаѓини во 1998 и 1999 година, кои не се опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал, од кое тој е правосилно ослободен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.