среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Француските тур-оператори ќе воспоставууват чартер летови за Охрид

Француски тур-оператори, организирани од компанијата „ТАВ Македонија“, од викендов се во посета на Македонија, со цел да ја вклучат во нивните балкански тури, преку воспоставување редовни чартер-летови од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

133356174

Поврзани вести

– Претставници на шест туристички друштва, меѓу кои се и TUI France и Mondial Tourisme, следниве денови ќе се запознаат со убавините на Охрид и со туристичките потенцијали на градот и неговата околина, соопшти денеска концесионерот на макеоднскиот аеродорми „ТАВ Македонија“.

Според маркетинг претставникот на „ТАВ аеродроми“, Серкан Карахатај, почнување нови чартер-летови од аеродромот „Св. Апостол Павле“  преку привлекување на француските тур-оператори, е во врвот на агендата на посетата.

– Очекуваме корисни средби и остварување на нашата цел: привлекување на овие туроператори да ја вклучат Македонија и Охрид во нивните туристички пакети во рамки на балканските земји. Како туристички друштва, сите тие имаат свои авиокомпании што можат да летаат до Охрид со организирани чартер-летови и на тој начин да носат француски и други европски туристи во Македонија, изјави Серкан Карахатај, маркетинг-претставник на „ТАВ аеродроми“.

Организирањето посета на најголемите француски туристички компании во Македонија, посочува Карахатај, е дел од постојаните активности што „ТАВ аеродроми“ ги спроведува со цел да привлече нови авиокомпании и тур-оператори на македонските авиопристаништа.  Секако,  тоа што ни ја олеснува задачата, кога е во прашање Охридскиот аеродром, е природната и недопрена убавина на Охридското Езеро. Пред сите странски туристички друштва и авиокомпании го претставуваме како уникатна локација, со силен потенцијал за бизнис, наведува Карахатај.

Покрај состаноците со „ТАВ аеродроми“, за француските тур-оператори ќе биде организирана средба и со Општина Охрид, а тие ќе имаат  можност да ги видат и посетат најпознатите културно-историски локации во градот и неговата околина.

„ТАВ Македонија“, која што е дел од холдингот „ТАВ аеродроми“,  ги заврши првите осум месеци од годинава со 19 отсто пораст на бројот на патници на аеродормите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.211.588 патници. Во исто време, бројот на летови се зголемил за 12 проценти, односно се искачи на вкупно 11.459 авионски операции.

Најчитани вести