Свет

Француските железници купиле 2.000 погрешни возови

Француските железници купиле 2.000 погрешни возови

Француските железнички оператори СНЦФ купиле погрешни 2.000 возови кои се пошироки од потребното. Вредноста на возовите изнесува 15 милијарди евра.

Овој пропуст ја чинел компанијата 50 милиони евра, а трошоците за измена на станиците ќе ги чинат многу повеќе од предвиденото. Според пресметките, ќе треба да бидат променети повеќе од 1.000 станици за овие возови да можат да сообраќаат.

Грешката настанала кога Националната железница РФФ доставила погрешни димензии на платформата на компанијата СНЦФ.