Француско-германскиот мировен план за Украина може да проработи

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека француско-германскиот предлог за прекин на конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина може да проработи, пренесува МИА.

Порошенко кој учествува на конференцијата за безбедност во Минхен, одговори потврдно на прашање дали иницијативата претставена од германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на претседателот Владимир Путин вчера може да проработи.

Украинскиот претседател додаде дека се надева за соработка за поголем безбедност во Европа.