Повеќе објекти на скопскиот плоштад во боите на француското знаме

Повеќе објекти на скопскиот плоштад во боите на француското знаме. Во спомен на загинатите во Париз и француската држава, зградата на ДРЖАВНИОТ АРХИВ, АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ и УСТАВНИОТ СУД на Република Македонија свети во боите на француското знаме.

muzej-zname-2

И Македонија по примерот на голем број земји во светот. По серијата напади, во кои загинаа најмалку 150 лица, бројни згради и споменици во светот се осветлени во боите на француското знаме.

Врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк денеска е осветлен во сино-бело-црвена боја, а ќе остане така и во следните денови, во чест на убиените во терористичките напади во Париз.

empire-zname-1

Емпајер Стејт билдинг синоќа беше осветлен во сина боја, по што ги угаси сите светла и потона во мрак. Градскиот совет во Сан Франциско, хотелот Омни во Далас и кулата во Торонто и статуата на Христос во Рио де Женеиро исто така е осветлена во боите на француското знаме.