Француз даде богатство за проколнат остров

Еден од најубавите француски острови, Боедик, со површина од 17 хектари е продаден за четири милијарди евра.

Кристијан Латуш, бизнисмен од Лион е новиот сопственик на островот во Атлантскиот океан, на кој се наоѓа и куќа со вкупна површина од 900 метри квадратни.

Латуш е споственик на фирмата Fiducial, која има вработено 70 илјади луѓе ширум светот.

Тој се наоѓа на 77 место на листата најбогати Французи според магазинот „Шаланж“.

Островот бил на продажба уште од 2013. година, кога безживотното тело на пртходниот сопственик, адвокатот Оливиј Мецнер е најдено како плови во близина на брегот на овој приватен остров.

Мецнер островот го купил во 2010. година за 2,5 милијарди евра.

На островот се наоѓа вила, помошна куќа и капела преуредена во салон за слушање музика.