Французин се обидел во куфер да ја прошверцува сопругата

Полските граничари привеле патник со француски пасош кој се обидел својата сопруга Русинка да ја прошверцува во куфер од Белорусија на територијата на ЕУ, пренесе АФП.

-Големиот куфер кој му припаѓал на францускиот државјанин го привлече вниманието на нашите службеници на железничкиот граничен премин во Тереспол. На нивно огромно изненадување, во куферот имало жена на возраст од околу 30 години, изјави порпаролот на граничната служба Дариуш Сјенички.

При откривањето на жената не и била потребна медицинска помош.

Брачниот пар кој набргу потоа бил ослободен , одлучил да се врати во Белорусија иако можеле сосема легално да ја минат границата.

-Да патувала заедно со сопругот, жената сосем нормално би ја минала границата. Но, поради обид да се избегне  граничната контрола , брачната двојка доби казна од три години затвор, изјави Сјенички.