Французин силувал Италијанка во Скопје

Италијанска државјанка го пријавила за полов напад својот поранешен партнер, француски државјанин, кој исто така, престојува во Скопје.

Четириесет и девет годишната Италијанка Д.З. во живеалиште со Скопје во во понеделникот вечерта пријавила дека била силувана од поранешниот љубовник.

Според пријавата на Италијанката, во понеделникот околу 8,30 часот кога тргнала да излезе од дома била пресретната од поранешниот љубовник Французинот, 58-годишниот С.М., кој не ѝ дозволил да замине и ја турнал назад во куќата. Потоа ја соблекол, ја присилил на орален секс, ја врзал но подоцна ја ослободил, по што заминал.

Италијанката случајот го пријавила во полиција каде истакнала дека не пружала отпор, бидејќи била исплашен. Според нејзиното кажување, таа и претходно била малтретирана.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.