Французинка ја тужи владата зашто синот и се придружил на џихадистите

Французинка поднесе тужба против Владата во земјата затоа што не успеала да спречи нејзиниот малолетен син да ја напушти земјата и да им се придружи на џихадистите во Сирија.

Тоа момче, идентификувано само како „Б“, имал 16 години кога со уште три лица од градот Ница во јужниот дел на Франција, на 27 декември 2013 година отпатувал, а претходно не го информирал семејството.

Тој неодамна го прифати исламот, а земјата ја напуштил со авион до Турција, а потоа на копно стигнал до Сирија.

Неговата мајка која неодамна со него разговарала по телефон, вели дека тој и понатаму таму се наоѓа.

Семејниот адвокат, Самиј Мактуф рече дека Турција станала вообичаена рута за влез во Сирија.

– Полицијата направи голема грешка со оглед на тоа дека малолетното момче немало придружба од возрасен. Тој имаше билет во еден правец за Турција и беше без багаж, рече тој.

Мајката на суд бара отштета од Владата на Франција во износ од 110.000 евра, за себе и нејзините други три деца.

– Не се во прашање парите, но сакаме да докажеме дека направена е грешка. Заминувањето малолетници во џихад мора да биде прекинато, рече Мактуф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.