Французинката што киднапира девојче во Белград ги исекла вените во затвор

Французинката Сандрин Бранши Емелин, на која заедно со нејзиниот сопруг Себастијан Бранши Мишел и ќерката Улијет Кристел им се суди пред Специјалниот суд за обид за киднапирање на девојчето Маша Пренковиќ (3) се обидела пред неколку дена да изврши самоубиство во Централниот затвор, така што со жилет ги пресекла вените, јавува српски „Блиц“.

sandrin

Таа го извршила обидот за самоубиство во затворската болница, каде била сместена откако паднала во несвест и ја повредила главата за време на прошетката во затворот. Откако и’ била укажана помош во затворкста болница Бранши тамо успеала да земе жилет, а потоа да си ги пресече вените.

Овие информации ги потврдува и бранителката на обвинетите Французинки, Ирина Боровиќ/

Точно е дека мојата клиентка си ги пресекла вените во затворската болница, но за среќа лекарите успеале да и’ ги санираат повредите и таа сега е добро. Таа веќе подолго време е во тешка психичка состојба, што беше и причина за нашиот предлог на судењето да се одреди невропсихолошко вештачење, што на крајот беше прифатено, вели таа.