Французинот Алафилип победник на десеттата етапа на Тур де Франс

Францускиот велосипедист Жилиен Алафилип е победник на десетата етапа на Тур де Франс и е првиот домашен натпреварувач кој годинава остварри триумф на престижната велосипедска трка низ Франција.
Во генералниот пласман водството го задржа Белгиецот Грег Ван Авармат.

Алафилип, кој вози за „Квик Степ Флорс“ ридската етапа од Анеси до Гранд Борнан, долга 158,5 километри ја помина за четири часа, 25 минути и 27 секунди. Второпласиран е Шпанецот Ион Изигаре од „Бахреин Мерида“ со минута и 34 секунди заостанување, а трет е Естонецот Рајн Тараме од „Дајрект Енерџи“ со заостанување од минута и 40 секунди. Носителот на жолтатат маичка, Ван Авармат беше четвртопласиран со минута и 44 секунди заостаток. Белгиецот ја зголеми разликата во однос на најблискиот ривал, Британецот Герент Томас од „Тим Скај“ кој пристигна со три минути и 23 секунди заостаток во однос на победникот.

Ван Авармат продолжува да прави чуда со оглед на тоа што неговиот тим нема спонзори, но и понатаму ја носи жолтата маичка и има предност од два минути и 22 секунди во однос на Томас. Алехандро Валверде е трет со три минути и 10 секунди заостаток, а на шестото место е актуелниот шампион Крис Фрум со три минути и 21 секунда заостаток.