Французите денеска гласаат на локални избори

Во Франција утрово во 8 часот по локално време отворени се околу 2.000 гласачки места низ целата земја, каде 43 милиони Французи со право на глас ќе одлучат за претставниците на локалните избори за департмани, јави Танјуг.

Анкетите покажуваат дека фаворит е партијата Национален фронт на Марин Ле Пен во однос на владејачките социјалсити и конзервативци, а резултатите од локалните избори би можеле да бидат пресвртна точка за популарната крајна десница во пресрет на претседателските избори во 2017 година.

Партијата Национален фрон изгледа подготвена да го искористи бесот на гласачите поради недостатоците на француската економија и политичките прашања како имиграцијата и интеграција на исламот во француското општество.

Анкетите покажуваат дека крајната десница има околу 30 проценти од вкупниот број гласачи и се доближува до конзервативната Унија на народно движење на поранешниот претседател Никола Саркози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.