Французите “газат” во ракометот на сите возрасти

Франција го освои СП во ракомет до 19 години

Во финалето француските кадети ја совладаа Словенија со 33:26, доминирајќи од почеток до крај во секоја смисла на ракометната игра. На полувреме Французите имаа предност од 16:13.

Интересно е тоа што единствениот меч кој Франција не го доби на првенството е токму против Словенија, во групната фаза, кога одиграа 32:32.

Трето место на СП во Русија освои Исланд, кој во малото финале беше подобар од Шпанија со 26:22 (12:9).