Свет

Французите во долги редици чекаат да го купат новиот број на „Шарли ебдо“

Французите во долги редици чекаат да го купат новиот број на „Шарли ебдо“

Утрово долги редици граѓани можеа да се забележат пред киосците во Франција кои побрзаа да го купат најновото издание на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, пишува Би Би Си.

Една недела по нападот во кој беа убиени осум новинари и четири карикатуристи, редакцијата одлучи да отпечати вкупно пет милиони примероци од весникот.

На насловната страна е објавена карикатурата на Пророкот Мухамед кој плаче и ја држи паролата „Јас сум Шарли“, но внатре во списанието нема други карикатури на Пророкот.

Првично беа отпечатени три милиони копии од најновиот број, но утрово, поради големата побарувачка, уредништвото одлучи да се зголеми тиражот на вкупно пет милиони од неделникот кој вообичаено неделно беше печатен во тираж од 60 000 примероци.

фото: Би Би Си