четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Франк-Валтер Штајнмаер е нов германски претседател

Поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер (61) е избран за нов претседател на Сојузна Република Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Штајнмаер

Поврзани вести

Со апсолутно мнизонство од 1260 членови на германското сојузно зобрание во кое членуваат пратениците од Бундестагот, претставници на покраините и други јавни личности номинирани од политичките партии, за наследник на досегашниот претседател Јоаким Гаук го избраа германскиот социјал – демократ, кој на должност како 12-ти шеф на германската држава стапува на 18 март.

Претходно, откако Гаук поради својата старост најави дека нема да се кандидира за втор мандат најголемите политички партии ЦДУ/ЦСУ и СПД се договорија Штајнмаер да биде иден претседател на државата, функција која што има претежно симболична улога во германскиот политички систем, во кој главна задача на шефот на државата е да обезбеди единство за главните политички и социјални теми.

Покрај од членовите на германската владина коалиција, Штајнмаер доби поддршка и од претставниците на партиите на „Зелените“ и „Слободните Демократи“ (ФДП).

Штајнмаер, кој е прв претседател на Германија од редовите на СПД од 1999 година, беше министер за надворешни работи на Германија од 2005 до 2009 година и од 2012 до минатиот месец.

Според анкетата на неделното издание на весникот „Билд“ 59 отсто од Германците очекуваат Штајнамер да биде добар, а 19 проценти веруваат дека тој лошо ќе ја врши неговата функција.

Најчитани вести