Франс прес: 20.000 лица на протестот пред Владата

Француската новинска агенција Франс прес (AFP) јавува дека на митингот против Владата во Скопје излегле повеќе од 20.000 граѓани.

-Над 20.000 граѓани на митинг бараат македонската Влада да се повлече, објави AFP.

Со ваквите пишувања, се потврдија информациите дека според грубите проценки и по неколкумесечна пропаганда на протестот на СДСМ дојдоа само 15 до 20 илјади лица.

Објавата на Франс прес дека на собирот учествувале пет пати помалку граѓани од она што го најавуваше Заев, а тоа е дека пред Владата ќе се соберат 100.000 граѓани.