„Франс Прес“: Груевски со најголема поддршка од граѓаните се подготвува за избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во изјава за угледниот француски медиум „Франс Прес“ објаснува за актуелната политичка состојба, процесите и актуелните теми.

„Франс прес“ на почетокот на статијата заклучува, поранешниот македонски, а најверојатно и иден премиер Никола Груевски вели дека неговата партија се подготвува за предвремени избори и покрај бојкотот на нивниот политички опонент и несогласувањето за истите од страна на меѓународната заедница.

Груевски, кој се повлече од својата функција во јануари, по 10 годишно владеење, го направи тоа со цел да се овозможи гласање и за „Франс Прес“ во петокот изјави дека оваа балканска држава која се соочува со проблеми, може да се соочи со два изборни циклуси во месеците што следат.

-Парламентот се распушти во април, како дел од договорот во посредништво со ЕУ, со цел да се стави крај на политичката криза и протестите кои се случуваат на улиците, но конзервативната ВМРО-ДПМНЕ беше единствена голема партија која  ги поднесе кандидатските листи за договорените избори на 5 јуни, пишува „Франс Прес“.

Нивниот ривал објави бојкот, со ставот дека нема услови за фер и слободни избори.

-Ние сме во многу непријатна ситуација. Единствената од четирите политички партии е подготвена да оди на избори, вели Груевски во ексклузивно интервју, во просториите на седиштето на партијата во Скопје.

Доколку се одржат изборите следниот месец, како што очекува Груевски, вели дека неговата партија е веднаш спремна, откако ќе биде оформен новиот парламентарен состав, да оди на уште едни избори, и  да им се даде на граѓаните право на избор.

-Ние сакаме победа која сме ја заслужиле, вели 45-годишниот политичар.

„Франс Прес“ потврдува дека истражувањето на јавното мислење покажува дека Груевски ужива најголема поддршка во Македонија која брои 2 милиони жители.

Груевски вели дека нема начин да се избегне одлуката донесена за распуштањето на Парламентот.

-Генерално меѓународната заедница не е со став во насока на одржување на избори на 5 јуни, но никој не најде уставен начин за да се одложат истите, објаснува тој.

„Франс Прес“ потенцира дека изборите во Македонија се во време кога земјата се соочува со домашна политичка криза и илјадници бегалци на границата со Грција.

Груевски предупреди дека неговата земја, која не е членка на ЕУ или НАТО, се соочува со безбедносен предизвик на јужната граница.

Груевски за објавуваните разговори за „Франс Прес“ тврди дека се фабрикувани и монтирани. Сепак скандалот предизвика протести за и против Владата, доведувајќи до тоа ЕУ да врши медијација во решавање на кризата и потпишување на договор минатото лето, пишува „Франс Прес“.

Според договореното изборите првично требаше да се одржат во април, но беа одложени за јуни, бидејќи опозицијата се сомневаше и обвини за измама на истите.

Настрана од кризата, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов минатиот месец ненадејно одлучи да аболицира 50 јавни личности кои беа поврзани со прислушуваните материјали, вклучувајќи соработници на Груевски.

Пркосниот Груевски, останува убеден дека има поддршка и тврди дека бил изненаден од одлуката за помилување.

-Знам која е надворешната перцепција, но времето ќе покаже кој е во право, а кој не, вели тој за Франс прес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.