Фрази кои ги уништуваат љубовта и врската

Златно правило за секој квалитетен однос е да не му го правиме на другиот она што не сакаме нас да ни го прават, затоа внимавајте да не го повредите партнерот со некоја од овие фрази.

„Ти секогаш“ и „Ти никогаш“

Тоа делува како напад и создава одбрамбен став кај партнерот. Со тоа, квалитетната комуникација во старт е осудена на пропаст. Се` може да се сведе на напад и одбрана, а со тоа не се решаваат проблемите. Избегнувајте истакнување на мааните на партнерот.

„Зошто сакаш да го направиш тоа, па тоа никогаш не си го сакал?“

Мора да сфатите дека луѓето со тек на време се менуваат, па така и партнерите. Она што некогаш не сакале да го прават, можеби им станало интересно. Поддржете го партнерот во новите итнереси.


„Убаво ти кажав“

Ова е класичен пример на фраза која треба да се избегнува, а често се слуша во комуникацијата. Таа не води никаде освен во лутина, расправија и престанување на разговорот. Никој не сака да испадне глупав.

„Не вечерва“

Нормално дека не сте секогаш и двајцата расположени за секс во исто време. Ако не сакате да имате секс, треба убаво да објасните за што станува збор. Партнерот би можел да се чувствува одбиено и несигурно ако само го „искулирате“.


„Ако навистина ме сакаш, ќе го направиш тоа“

Уцена! Уцените се погубни за здравата врска! Тоа кај партнерот предизвикува чувство на притисок, а тоа никој не го сака. Немојте да манипулирате со личностите кои ги сакате. На пример, ако сакате да поминете повеќе време со вашиот партнер, кажете му дека ви недостасува…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.