„ФРЦ“ од Вашингтон: Трагата на парите на Сорос, УСАИД и американската амбасада во Македонија

Операциите на Сорос, УСАИД и американската амбасада во Македонија стануваат голема вест и голема сторија во Вашингтон.

Со детален текст и анализа за Македонија се вклучува Тони Перкинс, претседател на Советот за семејни студии (ФРЦ) од Вашингтон.

Советот за семејни студии (ФРЦ) е меѓу највлијателните конзервативни организации во САД, кои масовно го поддржаа изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

„ФРЦ“ е во тесна врска со голем број луѓе од администрацијта на Трамп, како и со потпретедателот, Мајк Пенс, и голем број на конгресмени и сенатори од владејачкта Републиканска партија..

Трамп се обрати на конференцијата на „ФРЦ“ каде што домаќин беше Тони Перкинс, два месеци пред изборите.

Анализата на„ФРЦ“ детално се осврнува на фузијата Сорос и УСАИД за време на Џес Бејли.