Фрчат казни во МВР

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 24 решенија против 24 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3, 11 и 14 и член 207 став 1 и точки 4, 7, 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 17 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на три вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – “писмено предупредување” , на двајца вработени мерка – “отказ” и на еден вработен мерка “распоредување еден степен пониско” а се работи за:

Џ.С. командир ПО Групчин, изречена му е мерка „парична казна“ (постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството);

Г.С. самостоен инспектор Единица за ЈРМ изречена му е мерка „писмено предупредување“ (со службено возило отишол дома, наместо да го врати во полициска станица);

Б.Н. виш инспектор за НТ со дрога и оружје НК за КР Радовиш изречена му е мерка „парична казна“ (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар);

Н.Ш. виш инспектор за општ криминалитет НК за КР Струга изречена му е мерка „парична казна“ (не превзел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил ОЈО);

И.И. помлад инспектор за општ криминалитет СВР Куманово, изречена му е мерка „отказ“ (не постапувал по барања на ОЈО и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок)

Г.А. самостоен инспектор во Прифатен центар за странци РЦ за ГР Север изречена му е мерка „парична казна“ (одбил да изврши задача дадена од непосреден старешина);

Д.Р. полицаец ПС од ОН Бит Пазар изречена му е мерка „парична казна“ (му го украле формациското оружје);

З.А. полицаец ПС од ОН Свети Николе изречена му е мерка „парична казна“ (го напуштил позорниот реон);

С.З. полицаец ПС од ОН Свети Николе изречена му е мерка „парична казна“ (го напуштил позорниот реон);

Б.С. виш инспектор Канцеларија за криминалистички работи изречена му е мерка „парична казна“ (не се ангажирал во работењето и доцнел на работното место);

Г.П. инспектор Канцеларија за криминалистички работи изречена му е мерка „парична казна“ (не се ангажирал во работењето и доцнел на работното место);

Т.Т. полицаец за обезбедување на објекти изречена му е мерка „парична казна“ (омаловажувал полициски службеници при превземање на службени дејствија и бил под дејство на алкохол за време на работа);

Д.П. началник Одделение за извештаи за сообарќајни незгоди изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

А.М. полицаец за БПС ПО за БПС Струга изречена му е мерка „парична казна“ (внел невистинити податоци во Записник за извршен увид на лице место);

Г.Б. полициски службеник во ПС за ГП Ќафасан изречена му е мерка „парична казна“ (при извршено контрола било консатирано дека оружјето не им било чисто);

Ш.М. полициски службеник во ПС за ГП Ќафасан изречена му е мерка „парична казна“ (при извршено контрола било консатирано дека оружјето не им било чисто);

Т.П. дежурен полицаец во ПС за ГН Охридско Езеро изречена му е мерка „парична казна“ (при извршено контрола било консатирано дека оружјето не им било чисто);

И.И. полицаец администратор-ракувач во ПС ОН Делчево изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

М.Г. Помошник дежурен во ПС ОН Делчево изречена му е мерка „отказ“ (неоправдано отсуствувал од работа три последователни дена);

Ш.Ф. командир на ПО Теарце изречена му е мерка „парична казна“ (не дошол на работа и не го оправдал отсутсвото);

Џ.С. командир на ПО Групчин изречена му е мерка „распоредување еден степен пониско“ (без да изврши контрола ги потпишувал списоците за реализирани часови, иако на дел од полициските службеници им биле впишани повеќе часови по основ на сменско работење);

Н.Н. полицаец во ПО Ростуше изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
Р.П. командир на ПО Ростуше изречена му е мерка „парична казна“ (не учествувал на задолжителната обука и не го оправдат своето отсуство);

Г.Б. водич на безбедносен реон во ПО Групчин изречена му е мерка „парична казна“ (ги изготвувал списоците за реализирани часови, и на дел од полициските службеници им впишал повеќе часови по основ на сменско работење);