четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

Фрчкоски: Двојазичноста на Заев му носи 6% од албанските гласови (ВИДЕО)

Прв пат во историјата, 6 отсто Албанци ќе гласаат з СДСМ. Тоа не се случило никога, во никоја поранешна југословенска република. Како тоа ќе се одрази, ќе видиме, вели Фрчкоски.

Frckovski-prot

Последни вести

Универзитетскиот професор, поранешен министер од СДСМ и кандидат за претседател на опозицијата, Љубомир Фрчкоски, во трибина на спорниот институт ИФИМЕС одржана пред неколку дена во словенечкиот главен град Љубљана вели дека нема ништо против албански јазик да се учи од прво одделение и да го учат факултативно и Македончињата, но многу било храбро тоа од Заев да се понуди во кампања.

-Односот на опозицијата е неразбирливо позитивен кон Албанците, на штета можеби и на губење на некои македонски гласови. Тука Заев игра похрабро од тоа што јас очекував, јас можам тоа да го речам дека албанскиот јазик можеби може да се учи од прво одделение факултативно и Македонците можеби можат да го учат албанскиот јазик од прво одделение, тоа не е страшно, вели Фрчкоски и додава дека тоа за политички лидер директно да го понуди во кампањата е многу храбро.

Фрчкоски вели дека според анкетите, за прв пат во историјата 6 отсто од Албанците ќе гласале за СДСМ.

-Прв пат во историјата, 6 отсто Албанци ќе гласаат з СДСМ. Тоа не се случило никога, во никоја поранешна југословенска република. Како тоа ќе се одрази, ќе видиме, вели Фрчкоски.

Со слични ставови излегоа и другите поддржувачи на СДСМ кои се дел од невладиниот сектор под контрола на СОРОС. Во застапување на двојазичноста и кантонизацијата, не остана покусо и Мирјана Најчевска. На својот блог Квадратура на кругот, а потоа превземено од Окно.мк, самопрогласениот „експерт“ напиша:

-Имаме држава во која …граѓаните не можат на шалтерите во целата држава да поднесат барање и на својот јазик, ниту пак можат да ги прочитаат упатствата на производите на сопствениот јазик, ниту да ги добијат информациите поврзани со обврските кон државата на сопствениот јазик, ниту пак да очекуваат дека докторот или медицинската сестра во некоја болница надвор од местото на нивното живеење зборува и на нивниот јазик, напиша Најчевска.

najceska-dvojazicnost-gif2

Според неа она што денес го промовира Заев е зрелост: „Јас лично мислам дека ова што денес го промовира Заев како програма на СДСМ претставува показател на зрелоста на партијата.“

najceska-dvojazicnost

 

Понатаму, таа смета дека вработените во јавниот сектор, како и децата од најрана возраст треба да учат албански јазик.

-Да стимулира лекарите и наставниците и администраторите и сите во услужните дејности да зборуваат колку што е можно повеќе јазици на етничките заедници кои живеат во Македонија. И тоа да биде предност при вработување, нешто што носи поени….децата треба да се поттикнуваат да ги учат јазиците на етничките заедници кои живеат во Македонија. Од најмала возраст, пишува Најческа.

najceska-dvojazicnost-gif1

 

Уште од почеток на политичката криза, СДСМ постојано кокетираше со албанскиот фактор во земјава. Тоа се виде и на митингот пред влада и на протестите на шарената револуција, каде уфрлени вандали кршеа и демолираа, ја палеа сликата на претседателот Ѓорге Иванов и дивееја низ главниот град.

zaev_siptari

Покрај во Македонија, идејата за двојазичност Заев ја промовираше и во Швајцарија пред албанската дијаспора, каде се пофали дека храбро го отворил ова прашање.

-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски- француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Ова прашање е опфатено и со програмата на СДСМ во делот на образованието. На страна 188 го промовираат тоа што Заев го кажуваше во врска со воведување на двојазичноста уште од детските градинки.

„Ќе воведеме елементи на мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот. Ќе бидат искористени практиките од успешните проекти за овој степен на образование. Ќе бидат стимулирани проекти за мултикултурно дружење и меѓујазична комуникација и во повисоките степени на образованието.“

Кандидатката за пратеник од СДСМ, Ѓулумсер Касапи вели дека доколку СДСМ победи ќе биде донесена и специјална програма од институциите со која конечно ке се тргне прашањето на албанскиот јазик од дневен ред, односно ќе се реши.

-Платформата која и јас ја поддржувам, како и принципите кои се поставени силно во предизборната платформа ме убедуваат дека СДСМ, предводен од господинот Зоран Заев ќе ја реализира и ќе ја отстани од дневен ред употребата на албанскиот јазик во Македонија. За тоа сигурно ќе се подготвува и специјална програма која секако ќе биде усвоена во највисоките државни инстанции, вели Касапи.

Касапи убедува и дека предизборната програма на СДСМ озовможува да се решаваат многу значајни прашања за Албанците вклучително и прашањето на јазикот.

-Сум ја прочитала и сум ја студирала многу добро програмата на СДСМ и дефинитивно верувам дека многу проблеми ќе се решаваат и меѓу и проблемот со албанскиот јазик, истакнува Касапи.

Сепак, не ја крие разочараноста бидејќи другите албански партии, како што вели, не успеале да ги решат прашањата кои се од витално значење за Албанците, давајќи им надеж на гласачите Албанци дека тоа ќе го стори СДСМ.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека гласот за владејачката партија ќе биде глас против тргувањето со националните интереси.

-Граѓаните мора да знаат дека на 11 декември одлучуваат меѓу унитарна и суверена македонија или двојазична, кантонизирана и федерализирана македонија. Граѓаните мора да знаат дека на 11 декември одлучуваат меѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата за која што животите ги дадоа илјадници Македонци, изјави на прес-конференција долгогодишниот претседател на Собранието и актуелен кандидат за пратеник во 2 ИЕ, Трајко Вељаноски.

Најчитани вести