Фрчкоски забележан како излегува од просториите на СЈО (ВИДЕО)

Камерата на ТВ нова го забележа Љубомир Фрчкоски, еден од главните идеолози на СДСМ, како излегува од просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Засега се’ уште не е познато дали Фрчкоски бил повикан од страна на специјалните јавни обвинителки, или можеби бил на брифинг со нив.

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во последно време е актуелен со изјавите дека СДСМ нема намера да се откаже од спроведувањето и поддршката за тиранската платформа, и затоа ќе се обиде да ги одложи локалните избори, но и со острата реторика која ја користи во своите колумни.

Во својата последната колумна Фрчкоски, упатува директни навреди кон претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.