Фритата со зеленчук и сирење

Фритата со зеленчук и фета сирење можете да ја подготвите за појадок, но и за ручек.

Потребни состојки:

– 5 јајца

– пола црвена пиперка

– 2-3 чешниња лук (може и помалку доколку не сакате многу лук)

– 1 лажица маслиново масло

– 2-3 листови свеж босилек

– 1/4 чаша фета сирење

Начин на подготовка:

Прво исецкајте ги пиперката и лукот. Во тава на ниска топлина, загрејте го маслиновото масло, а потоа дададете ги пиперката и лукот. Пржете ги 2 до 3 минути.

Во еден сад измешајте ги јајцата и додадете сол и бибер по желба. Турете ги во тавата. Оставете ги така неколку секунди, а потоа бавно одделувајте ги јајцата од тавата.

Откако фритатата е готова, посипете над неа од сецканото фета сирење и босилекот. Послужете ја додека е топла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.