Фризер од Кочани освои Милионер Џек Пот

А. М. од Кочани стана милионер. Во Тхе Слотс во Кочани го освои  триесеттиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видеолотарија на РМ. Добивката е вредна 1.719.010 денари.

Државана Видеолотарија во семејството милионери додава уште двајца среќни играчи. Едниот од Кочани, а другиот од Скопје.

А. М. од Кочани е човек кој секогаш сака да се забавува. Има свое фризерско студио, убави соништа, а желбата за забава досега му овозможила да ужива во неколку помали добивки. Секогаш посакувал да ја добие најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка, но искрено не  верувал дека тоа ќе се случи. Заедно со својот другар со кој редовно се забавуваат на видеолотариските терминали, уште еднаш одговориле на предизвикот за игра, забава и добивка. На шега коментирале дека кој и да добие, добивката ќе ја делат заеднички. Додека се шегувале, добивката станала реалност за А.М. Во прв момент од преголема возбуда, не можеле да прочитаат кој е износот на добивката. Потоа заедно со сите присутни ја сподели радоста. Добитникот од секогаш сонувал дека со добивката ќе си купи автомобил. Сепак, овој сон ќе претрпи одредена промена во реалноста. А.М. ни откри дека наместо автомобил, размислува дали да оди да живее покрај море во Италија, или да си купи нов стан со својата фантастична добивка.

Добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредна 1.719.010 денари, А. М. ја освои на видеолотариските терминали на ДВЛМ во Тхе СЛОТС во Кочани на 19.02.2017. Само неколку дена  претходно, на 12.02.2017 во Скопје, И. С. освои 1.678.347 денари во Спортлаиф Трејд.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 30 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 44.113.629 денари. Покрај нив, освоени се и 4078 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 30.594.421 денари.