Фрлен молотов коктел во куќа во Скопје

Синоќа околу 03:00 часот во Скопје на улица „Зендел Џемаил“ непознато лице фрлило молотов коктел кон куќа сопственост на М.Б.(29), при што е опожарен само комарник од влезната врата.

Од МВР информираат дека од страна на екипа од Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Од страна на полицијата увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.