Фрлена бомба кон полициска патрола во Косовска Митровица, еден полицаец полесно повреден

Еден полицаец од српска националност е полесно повреден кога синоќа е фрлена бомба врз полициска патрола на излезот од Косовска Митровица, во правец кон Звечани, изјави денеска регионалниот командант на косовската полиција во градот, Ненад Ѓуриќ.

Инцидентот се случил околу 20 минути по полноќ, а во тоа прилика е оштетено и едно полициско возило и неколку цивилни автомобили, истакна Ѓуриќ за Танјуг.

Повредениот полицаец е префрлен во болницата во Косовска Митровица, откако бил ранет во пределот на потколеницата, по што е пуштен на домашно лекување.

Полициската патрола вршела контрола на сообраќајот во близина на зградата на судот, кога експлодирала бомба на оддалеченост од околу десет метри од нив.