Фрлени 103 тони сол на скопските улици

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита  ноќ фрлија 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.

Екипите на зимската служба со 10 возила интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.