Фрлени 120 тони сол на булеварите и улиците во Скопје

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата вечер продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите. Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни и екипите на зимската.

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 120 тони сол.

Утрово поголем број на автобуски линии на ЈСП функционираа на скратена траса:

– 3 Кл. Центар(Панорама) – сп. Сала МЗТ (До пункт болница)

– 8 нас. Влае – Љуботенски Пат (до бутел пунктот)

– 11 Т.Центар – с.Рашче (До Свиларе)

– 12 Шишево – Скопски Саем (до Глумово)

– 47 Т.Центар – с.Љубанци (до црква Радишани)

– 47А Т.Центар – с.Љуботен (До љуботенски пат)

– 56 Т.Центар – с.Бојане (до расадник)

– 56А Т.Центар – с.Копаницa (до подвозник)

– 58А Т.Центар – с.Добри Дол (До општина Сопиште)

– 58 Т.Центар – с.Брзовец (До Соње)

– 58 Т.Центар – с.Св.Петка (До Соње)

– 60 Т.Центар – Хец.Матка (До с. Глумово)

– 60 Т.Центар – Г.Матка (До касарна)

– 61 Т.Центар – с.Побожје (До Каменолом)

– 64А Т.Центар – с.Кучково (До с.Волково)

– 65 Т.Центар – с. Раштак (до Црешево)

– 65г Стајковци – с.Виниче (до Црешево)

– 65Б Т.Центар – Смиљковци (до Црешево)

– 67 Т.Центар – с. Зелениково,Н.Село,Страхојадица (за Страхојадица до Зелениково)

– 71 Центар- с. Бањани (По коцката до Мирковци)

– 80а Драчево – с. Цветово (До Маркова Сушица)

Целосно не сообраќаат следните линии:

– Транспортен Центар – Милениумски Крст

– 81 Т.Центар – Чучер – Блаце

– 74 Т.Центар – Д. Количани,Г.Количани

Градот Скопје потсетува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.

фото: Утрински