Фрлени 140 тони сол на градските улици и булевари

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ  и до 13 часот фрлија 140 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места.

Екипите на зимската служба со возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од во сите скопски општини.

Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.