Македонија

Фрлени 145 тони сол на градските булевари и улици

Фрлени 145 тони сол на градските булевари и улици

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата вечер продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици. Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни, а екипите на ЈП „Комунална хигиена“ работат на расчистување на тротоарите.

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 145 тони сол.

Утрово поголем број на автобуски линии на ЈСП функционираа на скратена траса:

– 11Т.Центар – с.Рашче (До пругата Ѓ.П.), 17А нас. Островска – Касарна Илинден (До Панда), 21 Транспортен Центар – с.Бардовци (Не оди за конак),  47 Т.Центар – с.Љубанци (До Радишани), 47А Т.Центар – с.Љуботен (До обиколница Љуботенски Пат), 55 Т.Центар – с.Арачиново (Пред с. Арачиново), 56 Т.Центар – с.Бојане (До расадник), 56А Т.Центар – с.Копаницa (До подвозник), 58А Т.Центар – с.Добри Дол (До Кисела Вода), Т.Центар – с.Брзовец (До Кисела Вода), 58 Т.Центар – с.Св.Петка (До Кисела Вода), 59 Карпош 3 – Гр. Бутел – К. Бара (До коцката), 60 Т.Центар – Г.Матка (До с.Глумово), 61 Т.Центар – с.Побожје (До Каменолом), 64А Т.Центар – с.Кучково (До с.Волково), 65 Т.Центар – с. Раштак (До с. Стајковци), 65г Стајковци – с.Виниче (До с.Црешево), 67 Т.Центар – с. Зелениково,Н.Село,Страхојадица ( за Н.Село до Зелениково), 68 Т.Центар – с. Сушица (Не оди за с.Винце), 71 Центар- с. Бањани (До с.Мирковци по коцката), 74 Т.Центар – Д. Количани,Г.Количани (До дрвара Драчево), 81 Т.Центар – Чучер – Блаце (До с.Чучер), Транспортен Центар – Милениумски Крст (воопшто не сообраќа).

Градот Скопје потсетува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.