Македонија

Фрлени 85 тони сол на градските улици и булевари

Фрлени 85 тони сол на градските улици и булевари

Екипите на зимската служба на Град Скопје ги продолжуваат активностите за расчистување на снегот од градските улици и булевари. Во текот на изминатата ноќ на критичните места и на булеварите каде што имаше потреба се фрлени 85 тони сол.

zimska sluzba (2)

Во текот на изминатиот викенд екипи на Град Скопје и на јавните градски претпријатија го расчистуваа и мразот од тротоарите. Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

zimska sluzba (4)

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.