Фрлиле бомба во ресторан, најмалку 15 повредени

Најмалку 15 лица се повредени по експлозија на бомба во индиски ресторан во канадскиот град Мисисага, провинцијата Онтарио.

Според полицијата, двајца мажи околу 22.30 часот по локално време влегле во локалот ја активирале бомбата, по што избегале.

Локалните медиуми објавија дека три од жртвите се во критична состојба.

Причината за инцидентот се уште не е јасна, а полицајците испитуваат две осомничени лица. Безбедносните камери ги снимиле при влез, но нивните лица не се гледаат.

Нападот доаѓа еден месец откако маж намерно прегази со комбе десетици пешаци во соседниот град Торонто. 10 лица загинаа тогаш.