Фронцек ќе го спасува Хановер од испаѓање

Раководството на германскиот прволигаш Хановер го назначи Михаел Фронцек за нов тренер на првиот тим.

Пред одреден период клубот се раздели со Тајфун Коркут, а новиот тренер потпиша договор до крајот на сезоната, со единствена цел да се сочува тимот во Бундеслигата.

“Потполно веруваме дека Фрончек ќе го доведе клубот до сигурната зона. На преостанатите средби имаме само една цел – опстанок во Бундеслигата, ништо друго не е важно” – изјави претседателот на Хановер, Мартин Кинд.

Фронцек, кој последен пат како тренер работел во Сент Паули од каде замина во ноември 2013 година, денеска треба да го има првиот тренинг во Хановер. Претходно во Бундеслигата бил тренер на Борусија Мехенгладбах, Арминија Билефилд и Алеманија Ахен.