Фронтекс: Има продажба на фалсификувани сириски пасоши

Директорот на Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс) Фабрис Леџери денес соопшти дека постојат информации за појава на трговија со фалсификувани сириски пасоши, особено во Турција.

Има луѓе што купуваат во Турција фалсификувани сириски пасоши, откако беше соопштено, дека Сиријците добиваат право на азил во сите земји членки на ЕУ, изјави Леџери, за француското радио „Јуроп 1“.

Според Леџери луѓето што користат фалсификувани сириски документи, често зборуваат арапски и доаѓаат од Северна Африка или Блискиот Исток, и имаат профил на економски мигранти.

Засега продажбата на фалсификувани документи не претставува негативно влијание врз безбедноста на ЕУ.

– Немаме објективни податоци за влегување на потенцијални терористи на тој начин, истакна Леџери, повикувајќи на зголемена внимателност на сите граници.

Турција гради ѕид на границата со Сирија

Турција гради ѕид на границата со Сирија. Станува збор за делница долга 12 километри во близина на градот Рејханли, во провинцијата Хатај, главната точка криумчарење и премин на мигранти од Сирија, наведува приватната турска агенција Доган.

Турските власти засега се оградуваат и не ги коментираат овие наводи во медиумите.

Турција гради ѕид на границата со Сирија

Со оглед на тоа дека земјата е мост од каде џихадистите се упатуваат кон Сирија и обратно милитантите се упатуваат кон Европа, Анкара ја зголеми присутноста на безбедносните сили долж границата на Турција. Целта е да се спречат џихадистите да влезат во Сирија, како и милитантите да влезат во Турција.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.